МИТ планира Земјата да ја стави под „чадор“ заради ладење


Институтот за технологија Масачусетс (MIT) предложи радикална метода за борба против ефектот од климатските промени.

Тим истражувачи предлагаат користење флота „вселенски меурчиња“ кои би ја рефлектирале сончевата светлина од Земјата. Колку и да звучи оваа идеја неверојатно, факт е дека не би имало потреба од неа ако луѓето драстично го намалеа користењето на фосилни горива во минатото.

Додека некои научници предупредуваат дека геоинженерингот опасно го свртува вниманието од вистинската работа потребана за намалување на емисиите, други велат дека мора да ги процениме опциите, а меѓу нив и вселенските меурчиња на МИТ тимот.

Се работи за нова форма на соларен геоинженеринг која е дизајнирана да ја рефлектира сончевата светлина од Земјата за планетата да се излади и да се спречат најлошите ефекти од климатските промени. Оваа техника подразбира вбризгување рефлектирачки честички на аеросоли во горната атмосфера. Но, потенцијалното негативно влијание на таквата метода уште не е во потполност истражено, што значи дека техниката е далеку од тоа да се смета за одржлива.

Пристапот на тимот на МИТ беше поинаков, место вбризгување на честички во Земјината атмосфера, во овој случај сончевата топлина би се рефлектирала од вселената, а тоа би значело избегнување на користење потенцијално штетни честички во нашата атмосфера.

Научниците ја проучуваат можноста за позиционирање на штитот направен од вселенски меурчиња во Лагранжовата точка 1, која е релативно стабилна орбитална точка во вселената каде гравитациското привлекување од Земјата и од Сонцето се изедначуваат. Во таа точка позициониран е и вселенскиот телескоп „Џемс Веб“.

Најголема пречка во оваа метода е логистиката. МИТ верува дека штитот мора по големина да одговара на големината на Бразил, но научниците веруваат дека меурчињата би можеле да ги произведуваат во вселената со што би се намалиле трошоците за лансирање. Во моментот се спроведуваат лабораториски експерименти на всаленски меурчиња направени од силициум.

Научниците успеале да надуваат меурче со тенок слој и да го одржуваат на температура од минус 50 степени Целзиусови.

Она што исто така е важно е фактот дека решението на соларниот геоинженеринг е потполно реверзибилно, што значи дека штитот ќе може брзо да се тргне во случај на негативно влијание врз планетата.

Иако се потребни уште многу истражувања, вселенските меурчиња „на хартија“ се многу сигурен облик на соларен геоинженеринг. Ако најлошите ефекти од климатските промени станат стварност, што веројатно ќе се случи со оглед на моменталната ситуација, предлогот на МИТ може да биде клучен за спас на човештвото.