Мистериозната Трансилванија ќе биде домаќин на 12. издание на „Balkans International Wine Competition 2023“ во јуни


 

Натпреварот Balkans International Wine Competition 12-та година по ред ќе се одржи од 1 до 3 јуни во Бистрита Насауд, Трансилванија, Романија под покровителството на општина Бистрита Насауд, додека отворениот саем Balkans Wine Festival ќе се одржува во Софија, Бугарија од 15 до 17 јуни 2023.

„Balkans International Wine Competition е најдобар доказ за динамичноста на Балканската винска сцена како и за квалитетот на вината од овој регион. Натпреварот расте последната декада заедно со најновите случувања во винарството и потенцијалот е сѐ уште голем. Во текот на изминатите години, настана правило вината кои први се наградувани на натпреварот добиваат признанија на многу поголеми вински натпревари и стануваат иконски. Причината за ова е во посветената работа на целиот BIWC тим кој е воден од Галина Нифороу, како и во внимателната селекција на искусни и почитувани интернационални вински судии од целиот свет. Имам голема чест да водам натпревар од ваков размер. Оваа година, BIWC ќе оди во Романија за прв пат, за која сум сигурен ќе донесе нов квалитет на натпреварот“, кажа Претседателот на BIWC Игор Лукович од Србија.

После големиот успех од минатогодишното 11-то издание на историскиот остров Саламина во Грција, BIWC продолжува со ротација на местото на одржување, и оваа година Романија ќе биде домаќин на 12-тото издание. Целта на ротацијата на најпрестижниот вински натпревар на Балкански вина е подобра интеграција на винариите од сите Балкански земји и подобра изложеност во регионот и Европа.

„Многу е возбудливо за нас што ја имаме можноста да го спроведеме 12тото издание на BIWC во мистериозната Трансилванија! Продолжуваме во новата едиција со многу оптимизам и енергија да ги направиме Балканските вина уште позабележливи и да ги позиционираме на повеќе места на светската винска мапа. Претседавањето на Игор Лукович доведе до нови идеи и активности за BIWC и целиот тим е благодарен за тоа. Неколку пати веќе лично ја посетив општината Бистрита Насауд и се вљубив во живописниот пејсаж во регионот, гостопримството и секако одличните вина! Во име на BIWC тимот, би сакала да се заблагодарам на Бистрита Насауд општината за топлото добредојде и за големата поддршка при организирање на BIWC таму. Им посакувам среќа на сите винарии кои ќе учествуваат на Balkans International Wine Competition 2023!“ кажа Галина Нифороу, Оперативен директор на BIWCF.

Главната мисија на BIWCF е да се промовираат Балканските вина и Балканската винска култура низ целиот свет. Почесниот претседател на натпреварот, Константинос Лазаракис е првиот носач на титулата Master of Wine (MW) во Грција и на Балканот.

Најдоброто вино на Балканот ќе биде одбрано од престижно жири составено од 25 луѓе и оваа година вклучува 5 носачи на титулата Master of Wine и Master Sommelier од Јапонија, САД, Велика Британија, Франција, Швајцарија и познати вински ликови од целиот свет и регионот. После натпреварот, се организира изложба на 4ти јуни во дворот на Complexul Muzeal Bistria-Nasaud, на која се поканети бизнис претставници, сомелиери, дистрибутери и љубители на вино од Романија и пошироко.

Со произведени 11,5 милиони хектолитри годишно, Балканот рангира 4-ти регион во Европа, веднаш зад најголемите земји-производители во светот: Италија, Франција и Шпанија. Балканскиот Интернационален Вински Натпревар е настанот кој ги обединува светските вински елити да ги видат, да се напијат и да го откријат богатството и диверзитетот на Балканските вина.

Церемонијата за доделување награди и Гала вечерата, познати како „Балканските Оскари“, ќе се одржува годинава на 3-ти јуни во замокот Телеки во Посмус. Изграден во 1634, замокот го одзема здивот на секој што ќе има прилика да влезе. Судењето исто така ќе се одвива во замокот. На претходното издание, Гранд трофејот за „Најдоброто вино на Балканот 2022“ го доби македонската винарија Тиквеш за Бела Вода Бело 2020.