Мистеријата на кутија полна бесценети камења: 50 години лежела во снегот на Монблан


Ризница на смарагди, рубини и сафири со децении била закопана на глечер кај француски Монблан.

Се верува дека богатството припаѓало на некој од патниците на индиски авион кој паднал во овој непристапен терен пред 50 години.

Кутијата со скапоцени камења ја нашле група планинари во 2013 година, а неодамна содржината на пронајдената кутија поделена е на планинарите и локалните власти.

„Камењата се поделени оваа недела на два еднакви дела во вредност од околу 150.000 евра секому“, рече градоначалникот на Шамони, Ерик Фурние.

Истакна дека е многу среќен што по осум години се завршило како што било планирано. Ги пофалил планинарите кои ја нашле кутијата со камењата, кои во согласност со законот ја предале во полиција.

На овие простори паднале два авиона на „Ер Индија“ во 1950 и во 1966 година.

Властите веруваат дека скапоценостите припаѓаат на некој од патниците на летот Мумбаи – Њујорк.

Во текот на годините планинарите наоѓале делови од авионот, багаж и човечки остатоци. Во мај 2012 година на Индија 1 е вратена дипломатската пошта од Канкенџур, од „боингот 707“, кој летат од Мумбаи до Њујорк. Паднал на Монблан на 24 јануари 1966 година.

Во таа несреќа загинале 117 луѓе, меѓу кои и инжинер на индиската нукеларна програма „Хоми“, Џахенџир Бабуа.