Мишелин оваа година почнува да ги оценува хотелите, наместо ѕвезди ќе дава клучеви


Водичот MICHELIN повеќе не е само за ресторани. Водичот за патници кон крајот на минатата година објави дека ќе додаде симбол на рејтинг за хотелите кои го носат истиот престиж како неговиот систем на ѕвезди за врвни ресторани. Мишелин од оваа година ќе почне да доделува клучеви за луксузни хотели.

Анонимните инспектори веќе работат на идентификување на „исклучителни објекти управувани од тимови со уникатни форми на знаење“, велат тие во соопштението за печатот.

„Како што ѕвездата на Мишелин ги разликува оние ресторани кои се на врвот на нивната уметност, Мишелин клуч ги препознава најисклучителните хотели ширум светот“, вели Гвендал Поленек, меѓународен директор на Мишелин Водич.

Мишелин одамна е познат по своите оценки за ресторани, во кои рестораните се оценети со една до три Мишелин ѕвезди за извонредност. Првите ѕвезди ги доделил во 1926 година, а сега почнуваат кампања со „клучевите“. Веб-страницата Michelin Guide веќе има платформа за резервации со повеќе од 5.000 бутик хотели во 120 земји.

Компанијата го направи својот прв голем хотелски потег во 2018 година кога ја купи онлајн туристичката агенција Tablet, која управуваше со хотели врз основа на анонимни оценки слични на оние на Michelin. Клучевите може да се доделат по еден престој или повеќекратни посети, според она што јавноста досега го знае и што открила од Мишелин.

Водичот на Мишелин наведува дека зема предвид пет фактори за оценување на хотелите, вклучувајќи локации вредни за дестинација, архитектура и внатрешен дизајн, услуга, „уникатен карактер“ и вредност. Според директорот на Мишелин, хотелите на Мишелин ќе плаќаат провизија од 10 до 15 отсто за резервации направени преку нивната веб-страница, а уредничките и продажните тимови на Мишелин ќе работат независно.