Мишел Вилијамс се породи со второто дете


САД– Честитки до актерката Мишел Вилијамс и нејзиниот сопруг Томас Кеил. Us Weekly соопшти дека двојката го дочека своето прво дете. Тоа е второ дете на Вилијамс и нејзино прво со Кеил.

Списанието ја потврди бременоста на Вилијамс уште во декември 2019 година, известувајќи дека таа била бремена кога била свршена со Кеил. Двајцата работеа заедно на серијалот FX Fosse / Verdon. Вилијамс глуми во серијалот, а Кејл го режираше и продуцираше.

Сè уште нема никаква вест кога точно се роди бебето или неговиот пол или име.

„Тие се многу среќни и воодушевени за приновата во семејството“, рече извор во јануари. „Тие би сакале да бидат во брак до моментот кога ќе се случи“.

Вилијамс и Кеил се венчаа во март откако се појавија заедно на црвениот тепих на наградите Златен глобус. Вилијамс има 14-годишна ќерка, Матилда, од нејзината врска со Хит Леџер.