Мисајловски бараше гласови во Шуто Оризари


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 2 денеска оствари средби со пензионери и граѓани на Шуто Оризари.

-После завршувањето и победата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме да се гледаме со сите граѓани исто така и со повозрасните лица за да им дадеме сигурност и доверба дека и локалните проблеми ќе ги решаваме бидејќи потоа следат и локални избори. Затоа ги охрабрувам сите повозрасни лица сите потреби што на нив им се важни да ни ја дадат сега довербата, а ние се разбира ќе продолжиме со макотрпна работа и во наредниот период, истакна Мисајловски

Носителот на Изборната единица 2, Мисајловски ги повика граѓаните на 15 јули да дадат поддршка, како што рече, на обновата на Македонија.

– Исто така, имав можност да прошетам тука низ дуќаните, низ улиците, да поразговарам со граѓаните кои навистина ни даваат се поголема поддршка. Убаво е да се слушне дека граѓаните сакаат да ја поддржат обновата на Македонија, а од друга страна се навистина разочарани и гневни поради тоа што се излажани изминативе три години. Затоа ние ќе продолжиме со позитивна кампања, ќе продолжиме со проекти да им објаснуваме на граѓаните тука во Шуто Оризари зошто да не поддржат и зошто да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мисајловски.

Тој упати апел до граѓаните на Шуто Оризари да пријават доколку некој им се заканува или ги уценува до денот на гласањето.

-Би сакал да упатам апел до сите граѓани на Шуто Оризари до сите Роми  да излезат и да гласаат независно ако некој ги уценува и од која било партија да го пријават тоа да се чуствуваат удобно за денот на гласање да излезат и да го дадат гласот за онаа партија што тие сакаат, но важно е да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули за бројот 14, рече Мисајловски.