Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината
Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината.
Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје.
Имено на вчерашната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката Милица Давчева беше дадена изјава дека е укината линијата 35 која доаѓа од Скопје Север и оди до Аеродром а која ја користат учениците од СУГС Марија Кири Склодовска – Скопје и истата свесно споделена на социјалните мрежи со цел создавање паника помеѓу корисниците на таа линија.
Вистината е дека линијата со број 35 воопшто не е променета а впрочем не беше ни предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Градот Скопје.
Доколку ги проучуваат материјалите правилно и присуствуваат на матичните комисии како и на организираните јавни средби каде што се разгледуваше пред усвојување одлуката не би дале свесно ваква изјава. Но можеби впрочем и затоа не присуствуваат се со цел да имаат простор за да продуцираат на ваков начин лажни вести.
Во иднина ги замолувам граѓаните на Град Скопје со голема резерва да ги прифаќаат сите изјави изнесени од советниците на ПП Левица во Советот на Град Скопје затоа што се со единствена цел за свесно создавање лажна паника и вознемиреност.
Се докажа дека интересот на ПП Левица не се граѓаните на Град Скопје туку единствено е нивниот личен политички интерес кој го добиваат преку лажен ПР, лажни вести и манипулации со јавноста.
Воедно барам од советничката Милица Давчева јавно да се извини за дадената лажна изјава и за тоа што свесно создаде паника и вознемиреност кај граѓаните посебно меѓу учениците од средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска – Скопје“, напиша Мисајлески.