Мис Никарагва избрана за Мис Универзум за 2023 (фото)


Дваесет и тригодишната Шејнис Паласиос од Никарагва победи на натпреварувањето за Мис универзум 2023, чиј домаќин беше Ел Салвадор. За првата придружничка беше прогласена  Антонија Порсилд од Тајланд, а за втората Мораја Вилсон од Австралија. Ова е прв избор на кој за првпат учествуваа жени мајки и две трансродови кандидатки.

На годинашниот избор, кој се одржа по 72. пат, учествуваа претставнички на 84 држави, од кои во финалето влегоа десет.

Паласиос ја наследува круната од Американката Арбони Габриел.

Најубавата жена на светот, избрана меѓу 83 натпреварувачки, изјави дека благодарноста и понизноста се нејзините најдобри особини. Таа ја истакна важноста на еднаквата плата меѓу жените и мажите „во кој било домен“ и тврди дека „нема граници за жените“.

Изборот за мис Универзум идната година ќе се одржи во Мексико.

Мис Тајланд
Мис Австралија
Мис Колумбија
Мис САД
Мис Порторико
Мис Шпанија
Мис Перу