Министрите Бочварски и Момировиќ во посета на ГП Табановце


 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе оствари работна средба со министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Томислав Момировиќ.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, во рамки на посетата, двајцата министри ќе го посетат ГП Табановце каде ќе се запознаат со примената на заедничкот граничен премин во рамки на процесот Отворен Балкан.