Министерството за политички систем се сели во нов објект


Министерството за политички сиситем и односи помеѓу етничките заедници деновиве ќе се сели во нов објект, информира на денешната прес конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Хоџа посочи дека се работи за просторно решение односно за канцеларии на вработените во ова Министерство, но во овој објект, подвлече, во сопственост на Владата, ќе биде сместен и Инспекторатот за употреба на јазиците и други институции.

Портпаролот Хоџа на прашањето колку чини новиот објект, потенцира дека во моментот не може да прецизира за вредноста.

– Со просторното решавање вработените во Министерството за политички систем, ќе може полесно да фукционира, да се реализира нивната програма и ангажман и ќе бидат на располагање и услуга на сите граѓани, изјави владиниот портпарол Муамет Хоџа.