Министерство за правда: Кумановскиот суд беше предупреден да ја заштити архивата
Министерството за правда за време на надзорите во Основниот суд Куманово, укажувало на несоодветноto архивирање на предметите, но мерки не биле преземени од нивна страна.
-Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни при што беше констатирано дека судската архива е сместена во подрумските простории, дека архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година и дека нема континуирано архивирање на предмети.Овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање.
Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС во судовите го задолжи Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање. За време на надзорот од страна на в.д. претседателот на судот беше истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува, соопштува Министерството за правда.
Реакцијата на Министерството дојде по вчерашниот пожар во Основниот суд во Куманово во кој настрадаа подрумските простории во кои е сместена архивата, т.е. документите од судските процеси, што отвори сомнеж во јавноста дека се сакало да се скријат нерегуларности во судењата. Од Судот тоа го негираа:
-Не знам точно од кои години се предметите од архивата на судот во Куманово кои изгореа, но не изгореа активни предмети, ниту, пак, во кумановскиот суд се бришат податоци и некакви докази, како што се шпекулира, изјави претседателката на судот Снежана Манев.

Според неа, тие информации ќе ги открие истрагата која треба да покаже како настана пожарот во подрумот на објектот ноќта во понеделникот кон вторникот.
– Цел ден сме тука јас, раководителите, полицијата, обвинителите. Архивата во судот е стара, односно таму се сите предмети од 50-тите години од минатиот век, до денес. Досега никогаш не е направена судска архива и архивскиот материјал не е предаден, списите ги чуваме во подрум и таа состојба е позната. Сите предмети во подрумот се стари и решени постапки. Не станува збор дека гореле нови предмети или дека се бришат податоци, како што се шпекулира. Потенцирам, не се изгорени активни предмети – изјави судијката Манев.
Увидот во судот е одложен за утре, по сугестија од противпожарната единица. Денеска во текот на целиот ден ќе има противпожарна стража пред кумановскиот суд, каде уште се чувствува миризба на чад. Увидот е одложен поради укажувањата на командирот на ТППЕ Куманово дека не е безбедно да се влегува внатре. Вишото обвинителство организирало да дојде и обвинител од Скопје за да се одбегне судир на интереси, бидејќи кумановското обвинителство е сместено во истата зграда. Ќе учествуваат и екипи од СВР Куманово, кримтехника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер. Увидот во кумановскиот суд, кој вчера беше зафатен од пожар, а кој требаше да биде денеска, е одложен за утре. Укажувањата на противпожарната единица биле дека се уште не е безбедно да се влегува, а пожарна стража пред судот ќе има до утре. „Увидот е одложен поради укажувањ