Министерство за култура: Продолжува заштитата на „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот во Ресен
Министерството за култура продолжува со активности за заштита на објектите што се од национално културно историско наследство, а се наоѓаат во Општина Ресен.
За време на денешната посета на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беше информирана за динамиката на активностите кои стручни лица ќе ги вршат за заштита на објектите.
– Во мај годинава стручен тим конзерватори од битолскиот Завод за заштита на спомениците на културата ќе продолжат со реализација на нови фази од конзерваторско-
Таа информираше дека за конзервација и реставрација на овој македонски црковен бисер се издвоени околу 14 милиони денари.
Министерката за култура Костадиновска–Стојчевска го посети и Сарајот на Ахмед Нијази-бег, импозантен архитектонски објект во кој е сместен Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.
-За втората фаза од реконструкцијата на објектот, Министерството за култура обезбеди 2 милиона денари, рече министерката за култура и потсети дека работите на објектот започнаа минатата година, а зимскиот период е искористен за изготвување на потребната проектна документација. – Со тоа ќе се овозможи во текот на годинава да се пристапи кон практични активности за непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава, додаде Костадиновска – Стојчевска.
Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење за целокупната заштита на нашето културно богатство, информираа од Министерството за култура по денешната посета на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во Ресен.