Министерот за одбрана на Романија во посета на Северна Македонија


Министерот за национална одбрана на Романија, Габриел-Бениамин Леш денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Тој ќе биде пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска со која ќе има и тет-а-тет средба. Во рамки на посетата планирано е да се одржи и средба на двете делегации по што двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.