Министерот за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија во посета на Македонија


Вицепримиерот и државен министер за одбрана на државата Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Вицепримиерот и државен министер за одбрана на Катар во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Славјанка Петровска, а официјалниот пречек ќе започне со церемонија со највисоки воени почести.

Во рамки на посетата, најавија од МО, министрите Петровска и Ал-Атија ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации.

Ова е прва средба во областа на одбраната која се реализира на највисоко, министерско ниво помеѓу Северна Македонија и Катар.