Министерот за финансии на Франција позитивен на Ковид-19

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер, соопшти дека е позитивен на корона вирус.

Тој на Твитер напиша дека немал симптоми и дека ќе продолжи со работа од дома.

Мер наведува дека ќе биде во изолација седум дена.

„Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот“, напиша Мер.

Минатата недела францускиот премиер, Жан Кастекс, соопшти дека е позитивен на ковид-19. Тој се заразил по контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс.

Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени.