Министерот Шаќири сака да го донесе брзиот интернет на Елон Маск во С. Македонија


Денес министерот Јетон Шаќири го одржа првиот состанок со претставниците
на Space Exploration Technologies Corporation, поинаку позната и како Спејс Икс
(SpaceX).
Министерството за информатичко општество и администрација бара најдобри
опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните
и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за
можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на
Република Северна Македонија.


Министерството за информатичко општество и администрација ќе соработува
со Владата на Република Северна Македонија и ќе бара начини за
субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку добро осмислен
систем на ваучери, земајќи го примерот на другите европски земји, во овој
случај, Германија.
Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps за секое домаќинство, дури и
во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на
крајот од спроведувањето на овој проект.


Министерот Шаќири информира дека разговорите со компанијата управувана
од Elon Musk, SpaceX, ќе продолжат и како резултат се надеваме дека ќе им
донесеме подобри услуги на нашите граѓани.