Министерот Маричиќ најави промена на Законот за кривична постапка


Министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави промена на Законото за кривична постапка. Во гостувањето на „Топ тема“ на Телма тој рече дека постапката веќе е отворена, но бидејќи се работи за закон за кој е потребно двотретинско мнозинство парламентот, тој изјави дека „се надева“ дека ќе бидат усвоени промените. „Мислам дека ова е добра шанса по десетина години откако се работеше претходниот да направиме една евалуација и да видиме каде треба да се подобри  за да нема никакви (да речам, пречки) ниту пак изговори дека законската рамка е недоречена“.

Според него, работната група веќе работи, но дека тој процес нема да се заврши за кратко време. „Сакаме да оставиме една трага и со новиот Кривичен законик и со измените на Законот за кривична постапка, каде навистина ќе бидат отстранети сите слабости во едниот и во другиот, и тоа ќе овозможи и граѓаните да почувствуваат поголема достапност до правдата и до судовите, но и судовите и обвинителите да можат попрофесионално, поодговорно, поотчетно да ја завршат својот дел од работата“, рече Маричиќ.