Министерот Бесими се пофали дека купил граѓанска обврзница, ќе ѝ ја подари на ќерка си
Министерот за финансии Фатмир Бесими, на службениот фејсбук профил се пофали дека купил граѓанска обврзница која ќе ѝ ја поради на неговата ќерка. Ова, како што наведува, го направил за да го илустрира процесот на инвестирање и придобивките од новиот инструмент, кој го промовира Министерството за финансии.
„Денеска решив симболично да купам една ‘Граѓанска обврзница’ за да го илустрирам процесот на инвестирање и придобивките за граѓаните и земјата:
1. Поднесов барање до банката за купување хартии од вредност – „Граѓанска обврзница“,
2. Банката ќе ме извести за резултатот од аукцијата што ќе се одржи на 13 јули 2023 година,
3. Сопственоста на граѓанските обврзници ќе се евидентира во Депозитарот за хартии од вредност на 20 јули 2023 година“, пишува Бесимик во постот.
Оваа инвестиција од 10.000 денари, како што посочувам, се очекува две години по ред да му носи принос од 500 денари, и тоа на 20 јули 2024 година и истиот датум во 2025 година кога ќе му биде вратена вложената вредност од 10.000 денари.
„Со оваа инвестиција симболично ќе придонесам за развојот на земјата со развојни проекти кои се финансираат од буџетот на државата во интерес на економијата и благосостојбата на граѓаните“, вели Бесими. „Граѓанската обврзница е инвестиција и за идните генерации – затоа истото ќе и го подарам на Аурела, мојата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина на нејзината татковина!“, додава Бесими во постот на Фејсбук.
Тој исто така посочува дека со цел да избегне било каков конфликт на интереси поради неговата функција министер за финансии и со овластувања за одлучување при издавање на хартии од вредност со цел финансирање на буџетот, нема да учествува со дополнителни инвестиции во граѓански обврзници додека ја извршува оваа јавна должност.
Инаку, граѓаните веќе можат да запишуваат граѓански обврзници, а првата аукција ќе се одржи на 13 јули. Министерството за финансии во проспектот за првата аукција на вакви обврзници, најави дека очекува да прибере износ од 600 милиони денари (околу 10 милиони евра). Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Купонската камата ќе изнесува пет проценти, а рокот е две години.