Минималецот во Црна Гора од јануари ќе биде 450 евра


 

Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра.

Овој Закон за кој гласаа 50 пратеници, е од програмата „Европа сега“.

Собранието смета дека постои итност за стапување на законот на сила на денот на објавување во Службен весник.

Пратениците ги усвоија и измените на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување со кој се укинуваат придонесите за здравството.