Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 потврдени случаи на КОВИД-19


Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 27 јуни до 3 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 50 лица од Охрид, 52 лица од Струга и 13 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 280 материјали за испитување 176 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48.

На домашно лекување во Охрид се 75 лица инфицирани со короновирусот, во Струга 78 пациенти, а во Дебар десет пациенти. Во Охрид има 161 активен слуачај на коронавирус, во Струга 148, а во Дебар 51. Во овој период оздравени се девет лица од Охрид, десет лица од Струга и четир лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани седум смртни случаи поврзани со Ковид-19 од кои едно од Охрид и шест лица од општина Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 537 лица во односните општини и тоа 190 лица во општините Охрид и Дебрца, 245 лице во општините Струга и Вевчани и 103 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти. Во Охридско починати се 5 лица, во струшко 26, а во Дебар и Центар Жупа четири лица.