Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело

Во емисијата 24 Анализа гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект.
„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.
Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“ рече Милошоски.
Пратеникот Милошоски посочи дека наскоро се очекува да биде оформен предмет за пожарите, а доколку и во иднина има сторители на подметнати пожари истите ќе бидат санкционирани и ќе одговараат за своето дело.
Има одреден дел на поединци кои се повикани на распит и некои се осомничи и мислам дека во соработка со Обвинителството ќе може за скоро време да имаме и предмет којшто би бил оформен во оваа насока. Овие пожари очигледно е дека не се случајни и државата ќе се обиде се што е во нејзина надлежност да биде активна и се надевам како што беше случајот со пожарот кај Стаклара во Кисела Вода, дека доколку било кој се осмели во иднина на ваков начин, дека ќе имаме веќе не само осомничени туку и на лице место фатени сторители и сметам дека таквиот начин би бил најдобар за да се упати една силна пораки дека тие што го прават ова без разлика дали е поединечен акт или е некаква политичка саботажа дека ќе одговараат за вакви тешки дела по здравјето на граѓаните“, вели Милошоски.