Милошоски петти пат татко – му се роди синот Филип


Македонскиот политичар и доскорешниот пратеник во собранието на Република Македонија, Антонио Милошски на фејсбук објави дека му се родил син, а ќе го носи името Филип.

„Во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот профил на Фејсбук.

„Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските“, напиша Милошоски, споделувајќи фотографија од новороденчето.