Милошоски: Не е етички пратениците да не одат во Собрание, а градежниците и медицинскиот персонал да работат


Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации бидејќи  постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници, порача  Антонио Милошоски на својот Фејсбук.

Тој додаде дека од етички аспект, би била нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за да си ја заработат својата плата!

-Ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот. Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето- напиша Милошоски.

Пратеничката група на СДСМ два пати бараше пратениците да работат онлајн, заради ситуацијата со ковид-19, нешто што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.