Милошоски гледа злоупотреби на вонредната состојба, а не сака избори


Додека одлуката за самораспуштање на Собранието со 108 гласови “за” е на сила, не може никој по своја иницијатива или желба да го конституира или реконституира Собранието , без да добие мандат од граѓаните на изборите. Откако едно Собрание ќе се распушти, истото не може да биде во заседание и нема мандат да заседава.

Вака Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во Топ Тема ја коментираше иницијативата на СДСМ за повторно конституирање на законодавниот дом и зошто оваа партија не ја поддржува иницијативата на владеачката партија.

Според Милошоски, доколку Собранието повторно се состане, тоа ќе служи само како параван за озаконување на сите уредби кои владата на СДСМ и ДУИ ги донеле овој период, за кои дел од нив немаат врска со вонредната состојба.

Артан Груби од ДУИ, за Топ Тема изјави дека по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните рокови.

“Се зависи апсолутно од јавното здравје и пандемијата. Сите планирања и датуми зависат од справувањето со корона вирусот”, вели Груби.

Ние не велиме да не се свика собранието, туку уставниот суд да се изјасни за барањето на СДСМ, изјави Груби.

Оваа иницијатива ,која не изненади и е еднострана, треба да се поднесе до уставниот суд и да го видиме ставот. За оваа иницијатива ние дознавме од медиумите, подвлече Груби.