Милош Биковиќ, балканскиот Леонардо Дикаприо позитивен на коронавирус


Србија- Српската актерска ѕвезда, популарна и во Русија, Милош Биковиќ (32) се огласи откако медиумите напишаа дека е позитивен на коронавиусот и рече дека се заразил со Ковид-19 пред пет дена, но дека веќе не е позитивен.

Според порталот pink.rs, актерот сега се чувствува добро и нема поголеми проблеми, бидејќи, како што истакна, имал лесни симптоми на Ковид-19.

Важи за еден од најталентираните глумци во регионот и миленик на жените. Биковиќ, или балканскиот Леонардо Дикаприо е роден на 13 јануари 1988 во Белград.  Своето училиште го завршува во Белград, а пото а се запишува на Факултет за драмски уметности во Белгард во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ, Јелисавета Оршанин, Тамара Драгичевиќ, Ања Алач.

Уште како мал неговите родители се разведуваат, а неговиот татко се сели во Германија. Биковиќ својата прва улога ја има во телевизиската серија Стижу долари (2004 — 2005), каде го игра Небојша, и оваа улога му донесе голема популарност. Значителна улога остварува во серијата Бела лађа (2006 — 2011), а најголема популарност стекна со улогата во филмот Монтевидео, бог те видео! каде свое режисерско деби има Драган Бјелогрлиќ. Но, во последните години е актуелен по филмот и хит серија Јужни Ветар, каде ја игра улогата на Петар Мараш.

Милош Биковиќ има и руско државјанство, и тоа му е дадено од страна на Владимир Путин лично како благодарност за придонесување на руската култура во светот.

 

Во минатото беше во врска со една од најубавите манекенки и актерки Саша Лус.