Милијардерот Маск го доби шестиот син, ќе се вика X Æ A-12 Musk


САД– Милијардерот и иноватор Елон Маск и американската пејачка Гримс станаа родители на момче, а среќниот татко ги сподели вестите преку социјалните медиуми.

„Мама и бебето се добри“, напиша Елон на Твитер, а подоцна го откри полот на бебето.

Покрај тоа, тој сподели уште една фотографија од детето со филтри за мобилни апликации на лицето и уште повеќе изненади кога напиша дека ќе му го даде на детето името X Æ A-12 Musk.

Гримс со Елон Маск се заедно од мај 2018 година.Елон веќе има пет сина од првиот брак со Џастин Вилсон, со кого се разведе во 2008 година.