Милгром и Вилсон добитници на Нобеловата награда за економија

STOCKHOLM 20201012 Tommy Andersson, ledamot för kommittén för ekonomisk vetenskap, presenterar årets Nobelpristagare i ekonomi under en pressträff på Kungliga Vetenskapsakademien. Paul R Milgrom och Robert B Wilson delar på Riksbankens ekonomipris till Alfred Nobels minne. Foto: Anders Wiklund / TT kod 10040

 

Пол Р. Милгорм и Роберт Б. Вилсон добитници се на Нобеловата награда за економија за 2020 година.

Наградата ја добија за подобрување на теоријата за аукции и пронаоѓање нови формати аукции.

Милгром е роден во Деторит, во американската држава Мичиген. Докторирал на Стенфорд во Калифорнија, на кој останал да работи како професор.

Роберт Вилсон е роден во градот Џенива, Небраска. Докторирал на Харвард, а во моментот предава менаџмент како професор емиратус, исто така на Стенфорд.

Бидејќи ситуацијата со пандемијата ги измени околностите во кои се доделува наградата, од кандидатите не се бара да дојдат во Стокхолм во декември за да се преземе наградата, туку планирани се дигитални церемонии и предавања.

Добитниците ќе ја примат наградата пред крајот на годината.

Лани, добитници беа Абиџи Банерџи, Естер Дуфло и Мајл Кремер за работа на намалување на сиромаштијата во светот.