Милевски: Нема лесни противници, Казахстан на првиот меч покажа дека е квалитетен ривал

Македонската фудбалска репрезентацијата го остави зад себе ремито со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите.
Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка.
-Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени, изјави Милевски.
Тој верува дека физичката подготвеност на фудбалерите не е проблем.
-Имавме тежок натпревар против Белгија, но сите играчи се подготвени да го дадат максимумот, додаде селекторот.
Почетокот на утрешниот натпревар е во 20:45 часот.