Милениците на Пентагон стравуваат дека нови играчи ќе им го земат „колачот“ од одбраната
Одбранбената индустрија на САД се подготвува за потреси откако во Белата куќа ќе влезе Доналд Трамп.Последниот пат, тој лично интервенираше во набавките за одбрана – потег што го остави „Боинг“ со големи загуби. Извршните директори сега се загрижени за поголемо нарушување: одбранбената хиерархија е потресена од фатот дека профитабилни договори сега им се доделуваат на понови играчи.
За време на сослушувањето за новата функција државен секретар за одбрана со конгресот, Пит Хегсет, рече дека министерството е „премногу островско“ и ја пофали Силиконската долина, која „за прв пат во генерации покажа подготвеност, желба и способност да ги донесе своите најдобри технологии во Пентагон“.
„Бекграундот од Волстрит на милијардерот инвеститор Стивен Фајнберг, кој е кандидатот на Трамп за заменик на Хегсет, треба да помогне да се донесат нови играчи бидејќи тој разбира како функционираат компаниите поддржани од ризичен капитал“, смета Синтија Кук, експерт за одбранбена индустрија во тинк-тенкот CSIS. .
Појавата на одбранбените технолошки групи како Палантир и производителот на беспилотни летала Андурил ги вознемири традиционалните производители бидејќи тие агресивно се борат за голем дел од мега одбранбениот буџет од 850 милијарди долари. Имено, Палантир беше ко-основан на милијардерот Питер Тиел, кој има блиски врски со дојдовниот потпретседател Џеј-Ди Венс.
Во октомври, Палантир објави „трактат“ за набавка наречена „Одбранбена реформација“, предизвикувајќи гнев – и потсмев – на многу ветерани од индустријата.
„Она за што мислам дека се загрижени комопаниите е дали Министерството за одбрана ќе го стави прстот на вагата за да им помогне на овие понови играчи и дли ќе се обиде да помогне во развојот на нови, големи, ривалски одбранбени групи“, порача советник од одбранбената индустрија.