Миле Јовановски, таткото на Боки 13 се изјасни дека не чувствува вина


Фото: Б. Грданоски

Не чувствувам вина и не сум учествувал на состаноци за изградба на домови како дел од Меѓународниот сојуз, рече таткото на Боки 13, Миле Јовановски на излегување од Кривичниот суд.

Покрај Јовановски денеска во Кривичниот суд беше и пратеничката Фросина Ременски откако вчера беше објавено од Јавното обвинителство дека истрагата за случајот „Рекет“ е проширена и на Меѓународниот сојуз на Боки 13.