Миле Јанакиески однесен во приватна болница


Фото: Б. Грданоски

Миле Јанакиески од истражниот затвор во Шуто Оризари е пренесен во приватна болница каде што треба да се види дали ќе му се прави оперативен зафат на поранешниот министер за транспорт и врски, кој е во притвор поради неодговорно доделување на државни плацови.

Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето, пренесоа некои медиуми.

Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.

Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред извесно време штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му препорачаа лекарите.