Милчин тврди: Македонија ќе влезеше во НАТО и без промена на името


Екс директор на Отворено општество во Македонија и режисерот Владимир Милчин, во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, рече дека Македонија можела да стане членка на НАТО и без промена на уставното име, укажувајќи дека тој не гледа никаква промена на Македонија откако влезе во НАТО, освен што некој функционер од власта ќе оди на некоја си координативна средба.

-Мислам дека членка на НАТО ќе станевме и без промена на името. Но, и да станевме членка на НАТО после три години што ќе се променеше? Што е де факто во Македонија променето откако сме членка на НАТО? Јас немам одговор на тоа, освен тоа дека некој наш функционер сега ќе оди на некоја координативна средба, вели Милчин.