Миланска скала се реотвара, по 600 гости на еден концерт


Италија– Славната Миланска скала ќе се реотвори идната недела по четири месеци со серија на четири концерти, на кои ќе присуствуваат само по 600 гости, што е помалку од третина на капацитетот, јавуваат италијанските медиуми.

Концертите ќе се одржат на 6,8,13 и 15 јули, а уметниците ќе изведуваат арии, ќе свират инструментална музика и сл.Генералниот менаџер Доминик Мејер вели дека е за почит што Скала може да прими 600 гости заради почитување на мерките, иако капацитетот и е 2000. Гостите ќе носатр заштитна маска и ќе седат на дупли седишта така што ќе мора да доаѓаат во двојка.