Милановиќ: Ана Брнабиќ е портпарол на Вучиќ
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави денеска во Загреб дека не ги слуша изјавите на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која ја нарече портпарол на претседателот Александар Вучиќ.
„Јас не ги слушам ниту нејзините ниту изјавите на ниту еден од тие херои од злото доба во Србија. Единствената личност што всушност зборува е претседателот на Србија, тие се сите негови портпароли, така што нема смисла да влегуваме во полемика со нив“, рече Милановиќ.
Така тој одговори на прашањето на новинарите да ја коментираат оценката на Ана Брнабиќ дека изјавата на Милановиќ дека е претседател и на хрватските државјани во БиХ е „неверојатна“ и дека е изненадена што никој од ЕУ не реагирал на тоа.
„Ние сме ЕУ, тие не се. И ако продолжат да се однесуваат така, прашање е кога ќе бидат “, рече претседателот на Хрватска, со пораката до премиерката на Србија дека е „добредојдена во Стара Башка“ на Крк, каде што е роден нејзиниот дедо, објави Хрватската радиотелевизија.