Миланов: По сведочењето на Заев, очекуваме повлекување на обвинението

Адвокатот Еленко Миланов кој е бранител на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во денешната изјава по судењето на „27 април“, кажа дека по сведочењето на премиерот Зоран Заев , очекува повлекување на обвинението.

„Ако првиот човек на државата во изминатите четири години како премиер, со пристап до сите безбедносни информации, каже дека организатори за настаните од 27 април 2017 во Собранието не се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски, мислам дека е сосема релевантна информација која може да се земе предвид и ова обвинение треба во таа насока и да оди, односно тоа да биде повлечено“, изјави Миланов.

Миланов кажа дека се изненадила од денешното сведочење на премиерот и дека секоја искреност е добредојдена.