Милано: Модна недела меѓу традиционалните и дигиталните ревии


Сепак, огромното трошење може само да ја намали економската болка

Италија – Модната недела во Милано оваа есен ќе се одржи од 22 до 28 септември, при што колекциите за пролет-лето 2021 година, ќе бидат претставени, еден дел во облик на дигитални презентации, но и еден дел – во живо.

Тоа ќе биде прва модна недела во Милано со постепено враќање во нормала, бидејќи претходно во јули, таму се организираше модна недела со исклучиво дигитални ревии. Сепак, и овојпат тоа ќе мине со сите потребни мерки на претпазливост и заштита од коронавирусот.

Најавено е дека Валентино, Фенди, Армани, Прада, Долче и Габана, Етро и Макс Мара, меѓу другите, ќе ги претстават своите колекции за време на Модната недела во Милано.

Се проценува дека италијанската модна индустрија ќе се соочи со пад на извозот за 28 отсто поради пандемијата на Ковид-19.