Милан со конечен предлог до Атлетико за Кореа


Италијански Милан направил конечен предлог до Атлетико Мадрид за напаѓачот Анхел Кореа, пишува „АС“.

„Росонерите“ се подготвени да платат за аргентинскиот напаѓач 35 милиони евра и 5 милиони бонуси. Милан исто така ќе им понуди на „јорганџиите“ 30% од следниот трансфер на играчот.

Во моментов, Милан очекува одговор од шпанскиот клуб. Милан го обнови и интересот за крилото на Гремио – Евертон.