Милан преговара со ПСЖ за Донарума


Францускиот шампион ПСЖ преговара со тимот на Милан за трансферот на голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума, тврди „Скај Спортс“. Според информациите, парижаните нудат свој играч и дополнителна исплата за услугите на италијанскиот талент.

Милан сака за својот 20-годишен голман 45 милиони фунти, но ПСЖ се надева да ја намали оваа цена, вклучувајќи го во трансакцијата својот голман Алфонс Ареола, кој е проценет на 27 милиони фунти. Така парижанте ќе доплатат само 18 милиони фунти.

Не е јасно дали овие услови ги задоволуваат Милан, а и желбата на Донарума за неговата иднина. „Росонерите“ се притиснати и од финансискиот ферплеј, поради што им се наметнува да се разделуваат принудно со свои играчи.