Милан ослабен против Рома, пет члена заразени со корона


Италија – Џанлуиџи Донарума, голманот на фудбалскиот клуб Милан, е позитивен на коронавирус.

Покрај него, позитивен на тестовите беше и напаѓачот Јенс Питер Хауге, како и тројца членови на стручниот штаб.

Тие немаат никакви симптоми и веднаш се ставени во изолација.

Инфицираните ќе го пропуштат дуелот на „росонерите“ закажан за вечерва во 20:45 часот против Рома на домашен терен во последниот натпревар од петтото коло во Серија „А“.

По четири натпревари, Милан нема пораз и го зазема првото место во поредокот.