Милан нуди 40 милиони евра за Кореа


Калчолигашот Милан ја даде последната понуда за трансфер на напаѓачот Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, тврди „Ел Мундо Депортиво“.

Италијанскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за 24-годишниот Аргентинец, како и уште пет милиони во форма на разни бонуси. Атлетико претходно бараше 50 милиони за трансферот.

Минатата сезона Кореа помина 36 натпревари во шпанската Примера на кои постигна три гола и оствари две асистенции. Неговиот договор со Атлетико важи до 2024 година.