Милан доби нови сопственици за 1,2 милијарди евра


 

Американската инвеститорска компанија РедБирд Капитал (RedBird Capital) се здружи со сопствениците на најтрофејниот бејзбол клуб во МБЛ лигата, Њујорк Јенкис за да го купи актуелниот италијански фудбалски првак Милан за 1,2 милијарди евра.

РедБирд Капитал ќе биде мнозински сопственик, додека Јенки Глобал Ентерпрајз (Yankee Global Enterprises-YGE) ќе има малцински удел во Милан.

Новите сопственици објавија дека имаат за цел „да го задржат местото на Милан на врвот на европскиот и светскиот фудбал“.

Минатата сезона Милан ја освои својата 19. италијанска титула, прва по пауза од 11 години.

Клубот од Милано и досега имаше американски сопственици во компанијата Елиот (Elliott).