Мила Јовович ја поврза војната во Украина со онаа во Југославија: Се сеќавам на траумите


 

Актерката и модел Мила Јовович која е по потекло и од Украина и од Русија, а чиј дедо бил од Црна Гора, на Инстаграм ја кометираше актуелната војна во Украина и ја поврза траумата која нејзиното семејство ја доживеало во текот на судирите на подрачјето на поранешна Југославија.

Јовивич беше уште една во низата познати личности кои упатија пораки на поддршка и солидарност за украинскиот народ.

Нејзината објава доаѓа во време на ескалација на насилството по нападот кој го нареди рускиот претседател Владимир Путин, а луѓето се принудени да бегаат во засолништа или преку граница.

„Срцето ми е скршено и сум запрепастена обидувајќи се да ги обработам овонеделните случувања во моето родно место во Украина. Мојата земја и народ се бомбардирани“, напиша Јовович на Инстаграм.

Вели дека нејзините пријатели и семејството се кријат и дека нејзината крв и корени се од Русија и од Украина.

„Поделена сум на два дела додека го гледам овој ужас, семјата се уништува, семејствата се раселуваат, целиот нивни живот лежи во јагленисани фрагменти околу нив“, порача.

Во духот на судирите во Украина се присети на случувањата во Југославија во текот на 90-тите години и траумата која нејзиното семејство ја преживеало? „Се сеќавам на војната во татковината на татко ми поранешна Југославија и приказната која моето семејство ја раскажува за траумата и теророт кој го доживеале“.

„Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. Бескраен великан на империјализмот. И секогаш народот плаќа со крвопролевање и солзи“, заклучи актерката во пораката со која повика на помош за Украина.