Микрософт потсетува: Интернет експлорер – уште малку, па крај


 

Интернет експлорер ги живее своите последни моменти.

Неколку месеци пред последниот ден за Интернет експлорер, Микрософт ги потсетува сите корисници кои уште го користат, да преминат на Еџ.

Минатата година, Мицкософт соопти дека на 15 јуни 2022 година престанува со поддршка на Интернет експлорер и дека тука е неговиот крај.

Планираа од него да се простат минатото лето, но се одлучија да го продолжат рокот уште една година.

Како се приближува крајот, така Микрософт константно ги потсетува своите корисници да преминат на Еџ.

Миккрософт објави соопштение на својата страница, а според податоците соо кои располага, Интернет експлорер и понатаму го користат околу три милиони корисници.

Интернет експлорер е дел од системот Виндоус, повеќе од четврт век.

Но, од претставувањето на Еџ во 2015 година, Микрософт полека го укинува стариот прегледник. Поддршката заврпи со претходната верзија во 2016 година. Микрософт 365 и другите апликации ќе престанат да го поддржуваат ИЕ11 на 15 јуни.

Од Микрософт велат дека ќе го поддржуваат ИЕ на Еџ најмалку до крајот на 2029 година, пружајќи на организациите и ИТ одделенијата уште неколку години да преминат од старите веб апликации.