Мик Шумахер повторно седнува во болид на Формула 1


Мик Шумахер, кој е дел од младинската програма на Ферари, син на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, ќе пилотира болид за време на слободните тренинзи пред Гран При на Германија во Формула 1.

Трката е во јули, а идејата доаѓа од одделот за маркетинг на пистата „Хокенхајм“, пишува германски „Експрес“. Појавата на Мик на патеката ќе биде брилијантен настан за навивачите на Формула 1 во Германија и во Европа.

Шумахер веќе седна зад воланот на болид од Формула 1 откако имаше два дена тестови по Големата награда на Бахреин. Првиот ден работеше со Ферари, а во вториот со луѓето од Алфа Ромео. Веројатно, во Германија Мик ќе седне во автомобилот на Алфа.

Шумахер се натпреварува во Формула 2, откако го направи своето деби во 2019 година.