Мијалков ја смени адресата на живеење, сега е жител на Охрид


Фото: Б. Грданоски

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид. Мијалков на почетокот на месецов призна вина за случајот „Империја“ и треба да оди три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга.

„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет“, соопштија од Кривичниот суд за Канал 5 тв.

Судот во Охрид потоа ќе треба да му издаде упатен акт на Мијалков за затворот во Струга.

Станови, дуќани, плацеви – Што му одзема Судот на Мијалков, а што ќе му остане?
Мијалков се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра. Мијалков е виновен за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот.

Претходно и бизнисменот Јордан Камчев се спогоди со обвинителството за истиот случај и ја смени адресата на живеење во Охрид.