Михаел Балак опериран од тумор


 

Славниот германски фудбалер Михаел Балак итно е опериран откако лекарите му откриле тумор близу рбетниот мозок. Операцијата била успешна, а се очекуваат резултати, пишува Билд.

Некогашниот фудбалер на Челзи и Баерн дега е на опоравување во Португалија, каде ќе се задржи неколку дена, додека не ги дочека конечните резултати.

Докторите велат дека ова била многу сериозна операција, затоа што во тоа подрачје има многу нерви, но кај 43-годишниот Балак таа поминала успешно.

За потсетување, Балак кариерата ја започна во Шемниц од каде замина во Кајзерслаутерн. Две години подоцна играше за Баер Леверкузен од каде за шест милиони евра шремина во Баерн. Потоа и во Челзи од каде се врати во Леверкуазен и замина во пензија.

Роден е 1976 година и беше еден од најдобрите играчи во средината на теренот во генерацијата.

За репрезентацијата на Германија играше 98 пати и постигна 42 гола, а во кариерата го освои Премиершип, четири Бундеслиги, три германски купови и три ФА купа.