Мигрантите доаѓале од Турција организирано  и со автобуси


Во однос на актуелниот проблем со мигрантите на грчко-турската граница, Темистоклис Демирис, генерален секретар при грчкото МНР, од конференцијата во рамките на Берлинскиот процес во Скопје порача дека ова не е прва миграциска криза со која се соочуваме, но има нешто по што се разликува од досегашните искуства.

– Главна разлика е дека сега имаме масовен прилив со организиран карактер. Имаме ставови и изјави од Турција. Автобуси и притисок од армијата. Тоа е нешто ново. Сега имаме и поинакви луѓе кои доаѓаат. Многу мал дел се од Сирија, а многу доаѓаат од други региони, рече Демирис.Посочи дека сега има добра соработка и поддршка од регионот, особено во хуманитарниот аспект на кризата.