Мицотакис утре во Берлин на средби со Меркел и Олаф

Економијата, инвестициите и бегалското/мигрантското прашање се темите за кои премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис ќе разговара утре во Берлин на средбите со германската канцеларка Ангела Меркел и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц, јави дописничката на МИА од Атина.

– На агендата разговори вклучени се економијата, бегалското/мигрантското прашање како и привлекување инвестиции со акцент на енергетиката, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите.

Во однос на тоа дали Договорот од Преспа е тема на средбите на грчкиот премиер како на онаа во Париз минатата седмица со Макрон, така и на утрешната во Берлин со Меркел, како што вчера објави МИА, Пецас рече дека нивните позиции, како и позициите на нивните партнери се познати во однос на политиката што Западен Балкан и за соседите.

– Мислам дека никој не изненадуваме со нашиот став. Нашиот став и нашата позиција се познати, како и на нашите партнери, рече Пецас.

На прашањето дали на средбата Мркел- Мицотакис ќе стане збор и за турските провокации, Пецас одговори дека „на ваките средби се разговара за сите билатерални и меѓународни теми” и додаде дека „секако ќе се разгоавра и за ова прашање”.