Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва


Лидерот на Нова демократија утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција,

Извори од СИРИЗА за грчките медиуми нагласуваат дека Ципрас телефонски му честитал на Мицотакис и го информирал дека утре го чека да ја посети премиерската палата за примо-предавање на функцијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во прес центарот во салата за конференции Запио, вечерва се очекува да дојде премиерот во заминување Алексис Ципрас и да одржи прес конференција.