Мицотакис ги повика, лидерите на ЕПП се согласија да одржат самит во Грција ова лето


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика своите колеги водачи од Европската народна партија да го одржат самитот на политичкото семејство во Грција ова лето за да ги охрабрат северните Европејци да ги поминат одморите на југот откако ќе се олеснат ограничувањата за корона вирусот.

Предлогот беше прифатен од другите водачи на ЕПП, се вели во соопштението на грчкиот премиер.

Мицотакис ја истакнал потребата од нови финансиски инструменти и заеднички интервенции за поддршка на економското закрепнување на Европа, се вели во соопштението.

Мицотакис не пропуштил да критикува премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, чија партија е сѐ уште во ЕПП иако со замрзнато членство, нагласувајќи дека „демократијата и владеењето на правото се фундаментални во Европа“. Во разговорот тој потсетил на писмото што неодамна го потпиша заедно со други лидери за исклучување на партијата на Орбан од ЕПП.